Ковид заразата не стивнува во регионот. Србија пријави над 13.000 заразени во последното деноноќе, што е речиси половина од тестираните.
Во Босна и Херцеговина има повеќе од две и пол илјади заразени, што е исто така скоро половина од тестираните. Над 10.000 заразени има во Хрватска, а поради компликации од вирусот таму починаа 36 луѓе. Во Словенија во последното деноноќие се потврдени речиси 10.000 нови заразени со ковид, што е 70 насто од тестираните. Тамошната влада ја скрати самоизолацијата на заразените без симптоми, за да овозможи нормално работење на здравството, школството и стопанството.
Со новата одлука на словенечката влада, изолацијата на заразените е скратена на седум дена, но на седмиот ден мораат да имаат негативен брз тест, и под услов да немаат никакви симптоми еден ден пред завршување на излоацијата. Оваа одлука, почнува да важи од понеделник.