На границата меѓу Србија и Унгарија во близина на Хоргош, денеска се поврзани гасоводните системи на двете земји, што е гаранција дека првите количини на гас ќе течат од 1 октомври.
– Во практиката ова значи дека е завршен целиот копнен дел од турскиот брег преку териториите на Турција, Бугарија, Србија и денеска овде на влезот во Унгарите. Капацитетот на гасот, кој на излезот од Црното Море изнесува 15,75 милијарди кубни метрти, ќе може да се користи практично низ цела Централна Европа“, рече генералниот директор на компанијата „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.
Од своја страна, претседателот на управниот одбор на уграската компанија оператор со системите за транспорт на гас „FGSZ“, Ференц Саболч, поврзувањето на двата цевковода го нарече „златно“ и исткана дека тоа значи скоро завршување на проектот и почетокот на испораките на гас.
– Ова значи дека го гледаме крајот на овој проект и дека снабдувањето со гас наскоро ќе започне“, изјавил Саболч.
На почетокот од годинава српскиот претседател Александар Вучиќ во функција го стави делот од гасоводот Балкански тек, со кој рускиот гас се испорачува до Србија. Тогаш рече дека цената на гасот од новиот гасовод ќе чини 155 долари за 1.000 кубни метри, додека истиот обем Белград порано го плаќал 240 долари.