Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека Србија денеска ќе испрати два хеликоптера за да помогне во гаснењето на пожарот што од Македонија се прошири до областа Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.
Одлуката е донесена по одобрение на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот Милош Вучевиќ.
Во акцијата ќе учествуваат и 43 пожарникари-спасувачи од различни делови на Србија, кои ќе се приклучат на напорите за сузбивање на пожарот на непристапен терен.