Расте и бројот на деца со ковид -19 кои се со потешка клиничка слика.
Раководителката на педијатрија во Здравствениот дом Палилула, д-р Анета Јовановиќ, за РТС вели дека од минатиот месец е зголемен бројот на прегледи во детските клиники за ковид. Поради тоа ќе се продолжи есенскиот распуст во училиштата, за да се прекине синџирот на пренесување на коронавирусот.
– Децата треба да имаат одмор од четири дена, плус викенд, но најверојатно таа недела ќе ја поврземе и ќе биде вкупно девет дена, најави министерот за здравство.
Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ за РТС изјави дека членовите на медицинскиот дел на Кризниот штаб сè уште веруваат дека не е доволно сертификатот за ковид да важи само од 22 часот, туку 24 часа и да важи во сите затворени просторите, освен во аптеки, бензински пумпи и намирници.