– Се подготвуваме за воведување ковид-сертификати, тоа е одлуката. Сертификатите ќе бидат за места како – ноќни клубови, барови, кафулиња и ресторани. Тоа нема да биде за продажни места, бидејќи е нереално и неуставно – рече Брнабиќ.

Таа нагласи дека државата направила се што може о борбата против коронавирусот, но дека граѓаните мора да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките.

– Изгубивме толку многу животи, и можевме да ги спасиме. Вакцинирај се… Не знам што друго да кажам на таа тема – додаде таа.

Кога станува збор за наставата, Брнабиќ рече дека децата се најбезбедни во училиштата, и дека нејзиното барање е да се смени протоколот, според кој во случај на заразување на 10 отсто од учениците, се менува моделот на настава, така што учениците ќе одат во училиште.