-Договорот за набавка на овој лек од компанијата „Фајзер” досега го потпишаа САД, Австралија, Велика Британија и уште една голема и важна земја – Србија. Тоа најдобро говори за тоа колку Србија денес и се што направивме за време на пандемијата е почитувана и ценета во светот, истакна Лончар, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Директорот на „Фајзер” го истакна своето задоволство од соработката со министерот за здравство и особено ја истакна посветеноста и цврстата определба на Србија да го стави под контрола коронавирусот.
-Знам дека досега направивте многу за да ја контролирате епидемијата, а вашата посветеност се илустрира со фактот што се сретнавме за многу кратко време во текот на викендот. Се радувам на понатамошната соработка и заедничките активности за ставање крај на пандемијата, рече Хамам.
На почетокот на месецов министерот Златибор Лончар изјави дека е потпишан договор за дистрибуција на лекот на „Фајзер” во Србија.
Експерименталниот лек за третман на коронавирус, кој е развиен од американската компанија „Фајзер”, за 89 отсто го намалува ризикот од хоспитализација и смрт кај пациенти чие здравје е веќе загрозено, покажаа клиничките испитувања.
Овој лек го блокира ензимот потребен за размножување на коронавирусот, а како резултат на тоа се намалуваат смртноста и хоспитализацијата.