Србија не може да се смири
Студентите во блокада денеска соопштија дека вечерва, сабота, 16 август, ќе се одржат нови протести на повеќе локации ширум Србија. Тие ги објавија сите градови, точни места и термини за собирање и порачаа: „Србија не може да се смири“.
Во објавата се наведува дека во Валјево протестот е закажан во 19:00 часот кај Валјевската гимназија, додека во Белград демонстрациите ќе започнат во 20:00 часот. Како локации се наведуваат Авијацискиот плоштад во Земун и кружниот тек пред Општина Нови Белград.
Според најавата, протестни собири се предвидени и во Книќ, Пожаревац, Чачак, Врање, Горњи Милановац, Лесковац и други градови ширум земјата.
Студентите во блокада во својата порака до учесниците дадоа и упатства за безбедност за време на протестите. Тие повикуваат демонстрантите во случај на разбиени колони да избегнуваат тесни улици. Како збирни места при евентуално расејување ги назначија раскрсницата на Булеварот Михајло Пупин и Џон Кенеди, како и раскрсницата на Булеварот Михајло Пупин и Булеварот маршал Толбухин.
Овие протести се надоврзуваат на претходните собири низ Србија, кои беа проследени со апсења и инциденти. Студентите повторно ја потенцираат потребата од масовно присуство, како и од видливост во јавноста и вршење притисок врз институциите.
Списокот со сите локации и термини за вечерва е достапен во официјалната комуникација на студентите во блокада.
Уколико нека локација недостаје, напишите је у коментарима! 👇
Нови Сад – 20ч, испред Ректората УНС
Крагујевац – 20ч, Ђачки трг
Краљево – 20ч, Трг српских ратника
Зрењанин – 19.30ч, Трг слободе
Мокрин – 20ч, испред месне заједнице
Бела Црква – 19.30ч, Градски парк
Неготин – 20ч, Хала спортова
Богатић – 20ч
Смедеревска Паланка – 19.30ч, код Фонтане
Мали Зворник – 20ч, код споменика