Одбојкарската репрезентација на Србија до 18 години одбила да одигра натпревар против селекцијата на Косово.
Натпреварот требало да се одигра во рамките на квалификациите за Европското првенство.
Натпреварот бил планиран да се одигра во Струмица, во Македонија, во недела на 21 јануари од 15 часот.
На крајот победата му беше доделена со службен резултат од 3:0 на Косово.
Како што објавија албанските медиуми, официјалното објаснување на српската селекција било дека дури девет играчи имале температура.
Истите извори наведуваат дека одбојкарскиот сојуз на Косово ќе побара од Европската одбојкарска федерација да биде санкционирана Србија, бидејќи, како што наведуваат, „неодржлива е официјалната причина нашата репрезентација да не излезе на терен“, објави Телеграф.