Србија потпиша договор за новиот експериментален лек против Ковид-19. Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека потпишан е договор со компанијата „Фајзер“ за дистрибуција на лекот.
Лончар за РТС изјави дека Србија е трета земја во светот што склучила ваков договор со компанијата „Фајзер“ и прва што го има во употреба.
-Ние сме третата земја во светот што го потпиша договорот, се согласуваме со „Фајзер“ и ќе бидеме првите што ќе го имаме тој лек, кој има 89 проценти успешност за избегнување болничко лекување и посериозни компликации, рече Лончар.
Рече дека е видлив благ пораст на бројот на вакцинирани од воведувањето на пропусниците за ковид.