Србија предлага да се прошири забраната за пушење во затворени простории во земјата на баровите и рестораните, кои досега беа изземени. За разлика од повеќето земји во Европа, рестораните и баровите во балканската нација не се обврзани да бидат без чад. Околу една третина од возрасната популација во Србија се пушачи, a приближно 15.000 луѓе годишно умираат поради болести поврзани со пушењето, според Светската здравствена организација, пренесува Радио Слободна Европа.