Според проценките споделени со Фајненшл тајмс, извозот на муниција од Србија во Украина преку трети земји изнесува околу 800 милиони евра, сума за која претседателот Александар Вучиќ рече дека е општо точна.
Вучиќ ја претстави ситуацијата како деловна можност, инсистирајќи на тоа дека нема да заземе страна во војната.
Ова е дел од нашето економско заживување и ни е важно. Да, ние ја извезуваме нашата муниција, рече тој во интервјуто.
Вучиќ додава дека не знае што прават Украина и Русија и дека нема директен контакт.
Не можеме да извезуваме во Украина или Русија, но имавме многу договори со Американците, Шпанците, Чесите и другите. Што прават со тоа на крајот е нивна работа. Дури и да знам каде завршува муницијата, тоа не е моја работа. Мојата работа е да се осигурам дека работиме легално со нашата муниција, дека ги продаваме, вели Вучиќ.
Тој додава дека мора да се грижи за „неговиот народ“ и тоа е сè што можел да каже.
Имаме пријатели во Киев и во Москва, заклучи Вучиќ.