– Националното тело за имунизација спроведува студија, ги следи производителите на вакцини и нивните студии во врска со третата доза. До 23 јули, тие ќе го дадат своето мислење за третата доза на Кризниот штаб, а штабот до 1 август ќе донесе препорака за граѓаните, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.

Таа додаде дека се следат студиите за производителите, како и препораките на Светската здравствена организација, но и дека српските експерти ќе ги презентираат своите студии.

– Не доцниме во ова, ќе донесеме одлука со време, за сите да бидат мирни, изјави српската премиерка.

Таа наведе дека бројот на вакцинирани граѓани во Србија сепак не достигнал 50 отсто, и додаде дека надминувањето на таа бројка се очекува во наредните денови.

Таа апелираше до младите да се вакцинираат.

– Процентот на вакцинирани возрасни е околу 48 отсто, но од тој број, само 17 отсто се млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, кажа Брнабиќ.

– Интензивно размислуваме за тоа што можеме да сториме. Невозможно е ситуацијата да остане стабилна со вакви бројки. Тоа ме плаши, рече таа.