Додека Македонија стагнира, Србија со подобар извештај од ЕК во однос на лани. Откако шефот на Делегацијата на ЕУ ѝ го предаде извештајот на Европската комисија на премиерката Ана Брнабиќ, таа кажа дека Србија постигнала напредок во економијата и правосудството.

„Економијата има подобар рејтинг од лани. Извесен напредок во развојот на функционална пазарна економија, зголемена оценка за подготвеноста за членство во ЕУ по економски критериуми“, рече Брнабиќ.

Како што изјави Брнабиќ, постигнат е напредок во однос на усвојувањето на нови фискални правила, а стабилноста на банкарскиот сектор е зачувана.

„Утврдено е дека структурата на економијата дополнително се подобри, а јавните инвестиции останаа на високо ниво со цел да се решат сериозните инфраструктурни недостатоци по долги години недоволно инвестирање“, рече премиерот.

Повикувајќи се на Извештајот на ЕК таа додаде дека Србија постигна добар напредок во трансформацијата на економијата.

„И ова е првпат да се забележи напредок на ваков начин во оваа област. Годинава имаше одредено забрзување во реформата на управувањето со јавните претпријатија, државните претпријатија, а особено во енергетскиот сектор“, посочува премиерката.

Брнабиќ се осврна на критиките упатени кон властите при донесувањето на законите за управување со јавните претпријатија и рече дека најпозитивни оценки добиле од ЕК.

„Ве потсетувам на сторителите кои ни кажаа дека законот што го ставивме на јавна дискусија за управување со државните претпријатија е корумпиран и е создаден за да ги продаде јавните претпријатија и националните паркови и да ги приватизира шумите и природните ресурси во Србија. Инсистиравме да се донесе тој закон и добивме најпозитивна оценка од ЕК“, рече Брнабиќ.