Досега ковид потврди се бараа само по 22 часот, сега тоа ќе важи од 20 часот. Работното време на угостителските објекти сега се скратува и тие ќе можат да работат до полноќ.
Овие мерки отсега ќе важат и за казината и обложувалниците.
На седницата на Кризниот штаб беше усвоен предлогот на Училишниот тим со кој се предвидува основците и средношколците од Србија да не одат на училиште од понеделник, 8 ноември до петок, 12 ноември, соопшти Министерството за образование.
„Од 8 до 12 ноември ќе трае продолжениот есенски распуст за учениците“ најави министерот по седницата.
Во Србија досега над 10.000 луѓе починаа од коронавирусот. Дневно има по 5.000 до 7.000 заразени со вирусот.