На Граничниот премин Табановце, вчера во 11:50 часот на влез во државата по извршена пасошка контрола било констатирано дека А.М.(32) од Србија се наоѓа во оперативната евиденција со распишана меѓународна потерница од Интерпол Германија, соопшти МВР.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.