Србите на Косово жалат за загинатите сонародници кои се убиени во неделата во Бањска, со престрелка со косовската полиција.
Граѓаните на Звечан се собраа пред споменикот на кралот Милутин, со цел со палење свеќи да одадат почит на младите момчиња.
Дел од опозицијата во Србија бара од Собранието реакција по настаните на Косово, односно формирање анкетна комисија и итно закажување специјална седница на Народното собрание.
САД оценија дека нападот на српските напаѓачи во северно Косово во текот на викендот, во кој загинаа еден полицаец и четворица вооружени лица, имал за цел да го дестабилизира регионот.