Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, гостуваше Никола Србов, каде во однос на отворањето на Културниот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ истакна дека тоа е чиста провокација и е многу чувствително за Македонците.
-Прашањето со отворањето на клубот во Битола со име „Ванчо Михајлов“ е многу чувствително за македонските граѓани, особено за Македонците. Бугарија со ова од политички аспект ги затвори сите врати за било каков нормален дијалог помеѓу Македонија и Бугарија, рече Михајлов.
Тој посочи дека културен клуб со името на „Ванчо Михајлов“ е чиста провокација, бидејќи тој е човек кој водел држава во држава и е негативна личност.
-Со отворањето на културниот клуб со името „Ванчо Михајлов“ не знам дали е возможно да се разговара со Република Бугарија на еден пристоен тон, а уште помалку да се разговара за историјата помеѓу двете земји. Србов потенцираше дека сето ова води во насока на минирање на преговорите, а со тоа се минира и напредокот на Македонија кон ЕУ.
-За каков пораз или победа станува тука збор кога на нас во државата ни влегува делегација од цел државен врв од соседна држава каде отвора културен клуб кои за нас е крајно негативно име и при тоа од власта кажуваат дека не се поканети па затоа не сте отишле, зарем во сопствена држава вас некој треба да ве покани? кажа Србов.