Во однос на барањето на лидерот на опозицијата Мицкоски, Србов посочи дека таквото барање е логично и полезно за државата, укажувајќи дека во спротивно државата може да влезе во политичка криза.

Сметам дека барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е апсолутно логично и полезно за државата бидејќи во спротивно би требало човекот да седи на страна и немо да гледа како се повеќе и повеќе тонеме во државата, рече Србов.

Доколку не се влезе во такво разрешување, можеме да влеземе во една политичка криза, додаде тој.

Тој додаде дека со поразот на локалните избори на СДСМ и Зоран Заев не се делегитимирала само работата на локалните власти, туку се делегитимирале и политиките на централната власт.