Денес, во Министерството за одбрана остварив средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На средбата на која присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер разговаравме за унапредувањето на интероперабилноста, програмите за обука и подготвеноста на армиските припадници, кои претставуваат клучен елемент на нашата заедничка посветеност на мирот и безбедноста. Изразив благодарност до генералот Најт за неговата досегашна посветеност и за значајниот придонес кон продлабочувањето и зајакнувањето на меѓусебната соработка. Под негово водство беа реализирани бројни активности, заеднички вежби, обуки и едукации на припадниците на двете армии, како и заедничко учество во мировни операции, истакна Мисајловски.