-На денешната средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз истакна честитки за изборот за градоначалник, со желба за успешна работа и изрази надеж дека со активна соработка и поддршка ќе се пристапи кон решавање на многубројните општествени проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. На средбата стана збор за интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и амбасадата на САД, како и за размена на позитивни искуства од различни сфери на соработка што ќе придонесе и за реализирање на голем број нови заеднички проекти, пишува Арсовска на Фејсбук.
Средба Арсовска- Брнз: Интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и амбасадата на САД
С
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз.