Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти се сретнаа во Брисел, а вниманието на јавноста го привлече фотографија направена пред средбата.
Нешто по 18 часот започна средбата на двајцата лидери, а камерите снимија неколку работи. Пред се, евидентно е дека претставникот на Србија е без насмевка на лицето, премногу сериозен, како пораките што ги добил да не одговараат на неговите амбиции пред средбата, пренесуваат медиумите во регионот.
Од друга страна, според написите, Курти е со полунасмевка и со „зрнце“ подобро расположение го дочека почетокот на средбата.
Освен двајцата, на средбата се и шефот на европската дипломатија, Жосеф Борел, и специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, кои посредуваат во преговорите.
Дополнително, она што ги „привлече“ погледите на јавноста е слика од самата маса на која се водат преговори и дискусии. И овој пат на неа е „Coca-Cola“, како и на претходната средба.
Овој пат, според написите, нема сендвичи, но затоа има колачиња.
Ќе видиме, анализираат дописниците на медиумите од соседството, како Вучиќ ќе го коментира менито што овој пат беше пред него, откако минатиот пат се налути што луѓето коментираа за Кока-Кола и сендвичите.