– Турција го разбира дефицитот на стабилност што го имаме во Западен Балкан и потребата за надминување на тој дефицит. Затоа Турција инсистира на отворени врати на НАТО и на ЕУ за земјите од регионот, посочи Ѓукановиќ.

Тој додаде дека има простор за унапредување на економските односи помеѓу Црна Гора и Турција.

– Турција и Црна Гора, како важни делови на Балканот и Европа, даваат сериозен придонес за мирот и стабилноста. Црна Гора, која обединува различни етнички и верски групи, е важен пример за заеднички живот. Ние ги следиме мировните политики на Црна Гора во регионот, нејзините активности во меѓународните организации и интензивните чекори кон членство во НАТО и ЕУ ги следиме со вистинска пофалба. Дадовме силна поддршка за членството на Црна Гора во НАТО и искрено веруваме дека членството на оваа земја во ЕУ ќе придонесе за стабилноста на целиот регион, посочи Ердоган.

Претседателот на Турција за време на неговата прва официјална посета на Црна Гора ќе се сретне и со претседателот на парламентот, Алкса Бечиќ и со премиерот Здравко Кривокапиќ.