Реализацијата на оваа посета била договорена на 20 јули, па оттука се отфрла дека ќе се зборува само за инцидентот на скопскиот аеродром.

Во 10 часот ќе се сретнат Мицкоски и Курти во четири очи, а од 11 часот на средбата ќе присуствуваат и членови на македонската влада од редовите на коалицијата „ВЛЕН“. Во делегацијата со косовскиот премиер доаѓа и министерката за надворешни Доника Гервала преку која Косово завчера испрати протестна нота до Македонија поради инцидентот што се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу за косовските медиуми изјавил дека Курти во Скопје ќе има билатерална средба со премиерот, Христијан Мицкоски, со кого ќе разговараат за билатералните односи, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес на Приштина и Скопје.