-На средбата се разговараше за предизвиците кои во наредниот период го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои веќе почнаа да се реализираат. Приоритетите на новата градска администрација се креирање на подобар квалитет на животот за граѓаните, како и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Градот Скопје, се наведува во соопштението од Град Скопје.

На средбата, како што се додава во соопштението, било договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните. Министерот Сијарто и посакал на Арсовска успешна работа како градоначалничка на Скопје.