Претседателот на Русија, Владимир Путин, беше домаќин на претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо. Двајцата лидери остварија официјална средба во Москва, каде што Русија беше домаќин на осмиот самит на Форумот на земјите извознички на гас (GECF).
Даниел Чапо, според медиумските извештаи, е висок 204 сантиметри, додека висината на Путин се проценува на околу 170 сантиметри. Разликата меѓу двајцата изнесува речиси 35 сантиметри, што привлече големо внимание и стана особено впечатливо на заедничките официјални фотографии од настанот.
Социјалната мрежа X беше преплавена со коментари за висината на рускиот лидер, при што корисниците упатија бројни шеги и забелешки за визуелната разлика помеѓу двајцата државници.
„Гуливеровите патувања во Москва“, напишаа дел од корисниците на социјалната мрежа X.
„Не пропуштајте го фактот дека овој хобит дури носи и штикли“, коментираа на социјалните мрежи.
Меѓу бројните објави на платформата се најдоа и коментари со етикети како „џуџе“ и „џуџе во високи потпетици“, исмевајќи го Путин поради физичката диспропорција со неговиот гостин од Африка.
