Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, на маргините на годишната конференција „Медитерански дијалог“ што се одржува во Рим.

Во година кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, денешната средба ги потврдува одличните билатерални односи и ја истакнува заедничката подготвеност за нивно натамошно зајакнување. Двајцата министри разговараа за унапредување на политичкиот дијалог на високо ниво и за продлабочување на економската и меѓусекторската соработка, во оваа насока за 2025 година беше најавено организирање бизнис форум со компании од двете држави.

Министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката од Египет за кандидатурата на државата за членство во Советот за човекови права на Обединетите нации, притоа беше истакната одличната досегашна соработка во рамки на мултилатералните организации.