На средбата беше изразено задоволство од интензивната соработка помеѓу Амбасадата на Чешката Република и Министерството за внатрешни работи, која во претходниот период се интензивираше на највисоко ниво.
Притоа беше нагласена безрезервната поддршка од страна на Амбасадата на Чешката Република, со која преку донации, како и преку реализација на голем број обуки, се придонесе за унапредување на капацитетите на вработените во Министерството за внатрешни работи.
Истовремено, на средбата беше нотирана и континуираната поддршка од страна на чешката полиција при спроведувањето на заедничките операции на нашата јужна граница, што секако придонесува за успешно справувањето со илегалната миграција и сузбивањето на прекуграничниот криминал