Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. Состанокот се одржа на маргините на Самитот на Берлинскиот процес што се одвива во Црна Гора.

За време на разговорите беа анализирани можностите за продлабочување на институционалната соработка и континуираната финансиска поддршка за развојните владини приоритети.

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните

Ова го нагласи премиерот во својата официјална објава на социјалните мрежи, потенцирајќи ја стратегиската улога на меѓународните финансиски институции во поддршката на регионалните и домашните проекти.