Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска ќе има работна посета со македонскиот претседател Стево Пендаровски во манастирот Свети Прохор Пчински.
Пендаровски ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, во 12 часот.
Средбата со Вучиќ ќе се одржи во 12.30 часот, по што ќе има обраќања од двајцата претседартели.
Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено свежо цвеќе.
Потоа ќе се обрати Пендаровски и следува организирана културно-уметничка програма.