На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за новиот програмски циклус на Еразмус+ програмата 2021-2027 година и можностите што ги нуди, како и за предизвиците поврзани со димензионирање на буџетската рамка за нашата држава.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата беше разговарано за можностите за соработка меѓу агенцијата и Претседателскиот центар за политичко образование, во функција на реализација на приоритетите на програмата: инклузија и разновидност, дигитална трансформација, животна средина и борба против климатски промени.
Претседателот Пендаровски на средбата ја истакна важноста на активностите на агенцијата и организациите корисници на програмата, во насока на обезбедување подобри услови и перспективи за нашите млади, како и потребата да продолжи вложувањето во младите, како носители на развојот во општеството.