На средбата, како што истакна градоначалникот Александар Стојкоски било разговарано за зголемување на соработка со збратимената општина Красна Полјана, како и за тековните, но и за идните проекти кои ќе се реализираат во Ѓорче Петров.
-Заедничка цел е зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји. Потребни ни се успешни резултати, а во тоа ќе успееме преку меѓусебно почитување и континуирана соработка – изјави Стојкоски.