Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Во текот на денешниот ден, се одржа средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и коалицијата Европски фронт.
На средбата беа присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски Фронт беа присутни Мендух Тачи, Блерим Беџети , Фатон Ахмети , Елми Азири.
На средбата се разговараше за предложените измени на законот за организација на работата на органите на државната управа при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.
Законот е работен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел од ИПА програмата на Европската Унија.
Претставниците на коалицијата Европски Фронт изразија поддршка за измените на законот и информираа дека ќе гласаат за усвојување на законот.
Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски Фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со Претседател предлог на опозицијата, којашто ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието.