Министерката Радмила Шекеринска денеска во рамки на состанокот на СЕДМ имаше билатерална средба со словенечкиот колега, Матеј Тонин.
На средбата е договорено таканаречената програма “Берово”, која ја покрена министерката и која е именувана според подрачјето кое беше најмногу погодено од пожарите, да почне со обука на 40 пожарникари во Словенија, на кои ќе им биде обезбедена и пожарникарска опрема. Обуката, би се одвивала во фази и ќе продолжи и во наредните години.
-Заблагодарувајќи се на прифатените идеи за соработка во кризниот менаџмент, министерката ја истакна важноста на регионалната соработка. “Вашето учество на денешниот состанок освен што е важно за регионот, има и европска компонента бидејќи Словенија е земја претседавач со Советот на ЕУ. Заедничките проекти што ги работиме, како што е програмата “Берово” се многу позначајни бидејќи се практична демонстрација на соработката а не само потпишување документи, рече Шекеринска.
Министерот Тонин посочи дека стратешката соработка ќе значи и експертска поддршка за која македонската страна треба да ги истакне потребите.
-Ја имате нашата целосна поддршка и сега и во иднина како за зајакнување на кризниот менаџмент така и за европските аспирации. Можете секогаш да сметате на нашата поддршка, подвлече Тонин.
На средбата стана збор за договорот за стратешка соработка кој е пред финализирање, учеството на Македонија во словенечкиот контингент ва засиленото НАТО присуство во Латвија, и за други прашања од одбранбената соработка на двете земји.