Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе биде домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.
Двајцата министри ќе се сретнат во Куманово, а тема на разговорите, како што јавија српските медиуми, ќе бидат мигрантските процеси.
На крајот на јули годинава, Тошковски и Дачиќ се сретнаа во Белград и разговараа за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи.
По тој повод, министерот Тошковски го покани министерот Дачиќ да ја посети Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.