Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска отпатува за Брисел каде ќе има средба разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Предвидено е Османи и Столтенберг да имаат заедничка прес-конференција.
Во соопштението се наведува дека Османи ќе ја „потврди определбата на народот и институциите на Република Косово за унапредување на патот кон членство во НАТО“, почнувајќи од програмата „Партнерство за мир“.
Тоа, како што се наведува, ќе ја „потврди решеноста на народот и институциите“ на Косово да ја зајакне соработката и координацијата со сојузниците, особено за безбедносните прашања. (МИА)