Советникот на претседателот на Украина Михаил Подољак денеска изјави дека претседателот Владимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас.
„Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да потрае две или три недели“.