Македонската претседателка Сиљановска-Давкова и нејзиниот бугарски колега Радев се сретнаа во Баку, Азербејџан, на маргините на Самитот за климатски промени. Двајцата размениле мислења за унапредување на односите меѓу двете соседни држави.
Бугарски медиуми: Средбата се одржала на иницијатива на Силјановска Давкова
Бугарските медиуми пренесуваат дека средбата се одржала на поканата на македонската претседателка. На почетокот на разговорот Радев ѝ се заблагодарил за поканата за средба и изјавил дека тоа е важно продолжување на, како што изјавил тој, „нашите многу отворени и пријателски односи“, пренесе БНТ.
Радев со пофалби до Силјановска Давкова
„Важно е што имаме да си кажеме. Нашите разговори се многу пријателски и многу значајни. И многу ми е драго што заедно со вас можеме да го поставиме тонот за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тон на соработка, разбирање и меѓусебно почитување“, рече бугарскиот претседател.
Со ова се согласи и Гордана Силјановска-Давкова, која изјави дека и таа мисли така.
Целта е поголема соработка меѓу двете држави
Румен Радев посочи дека би бил среќен доколку луѓето од Бугарија и оние од Северна Македонија имаат поголема можност да комуницираат меѓу себе. На почетокот на денешниот разговор двајцата политичари изјавија дека се подготвени да одржат добар дијалог меѓу земјите и покрај разликите.
Бугарските медиуми со обвинувања за последната средба меѓу двајцата
На последната средба меѓу двајцата се крена гласови дека македонското знаме недостасува на заедничката фотографија. Но, бугарските медиуми и денеска не пропуштија да се правдаат и, како што велат, тогашната средба бука неофицијална, а според протоколот немало потреба да има знаме на шефот на државата што го посети.
Радев доби покана да ја посети Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова го поканила Радев да ја посети Македонија, истакнувајќи дека „вратите во Скопје се отворени“ и дека се надева на идни разговори кои ќе придонесат за јакнење на односите меѓу двата народа.