Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери на Ковачевски и Ахмети, поддржани од Апасиев кој глуми лажен патриот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски нема ништо против средбата во Тирана, иако за македонски прашања се расправа надвор од државата, тоа е така зошто тој гледа гума за спасување на својата политичка кариера. Дали средбата во Тирана е на барање на Ковачевски? Кој ќе биде резултатот на средбата од Тирана, дали Ахмети ќе ги учи во Тирана за зелената агенда, или ќе му донесе втора тиранска платформа на Ковачевски, кој за да се спаси ќе треба да ја прифати?, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат дека единствениот договор кој треба да го има помеѓу сите политички партии во Македонија, не во Тирана, е обединување против криминалот на СДС и ДУИ и договор за избори за народот да одлучи.