– Сакаме да ја координираме позицијата на ЕУ за одговор на потенцијалното влијание на ситуацијата во Авганистан врз мигрантската и безбедносната состојба во ЕУ, рече словенечкиот министер за внатрешни работи Алес Хојс, кој ќе претседава со утрешниот состанок.

Словенечкото претседателство ќе се обиде да усвои заедничка изјава на министрите за внатрешни работи на ЕУ на состанокот. – Целта е исто така да се развие сет мерки што ќе помогнат да се спречи повторување на сценариото од 2015 година, кога земјите-членки се соочија со висок миграциски притисок, додаде Хојс.

Покрај министрите, на состанокот се поканети и претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешна акција, Фронтекс, Европол, Европската канцеларија за поддршка на азиланти и координаторот на ЕУ за борба против тероризмот.