Маж бил агресивен кон вработените во обложувалница

Вчера во 15:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го привеле 61-годишниот С.П. од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон вработените во спортска обложувалница и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.