Средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка повеќе нема да може да се завршува вонредно. Од Министерството за образование и наука велат дека до училиштата кои имаат насоки од здравствена струка е испратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.
Од Министерството не ја прецизираат причината за оваа одлука, само нагласуваат дека таа е донесена за да се заштитат националните интереси.
МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот“, нагласуваат од МОН.