Утре на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, ќе се одржи средношколскиот настан СРЕДНОЛЕНД.
Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности, и да го зголеми интересот кон уметноста и културата.
Средноленд е инициран од професори и ученици од средните училишта во Скопје, организиран од ЈУ “Универзална Сала” а финансиски поддржан од Град Скопје.
Во рамките на овој повеќедневен настан, учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм. СРЕДНОЛЕНД е настан во кој се вклучени ученици и наставници од 5 училишта во Скопје: СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.
Настанот е од отворен карактер, а целосната програма граѓаните можат да ја погледнат на профилите на социјалните медиуми на Универзална Сала.