„Хациендите ваши, за студентските домови наши“, „Пак ли ни го јадете оброкот?“, „Студентски стандард еднаков на студентска мизерија“, беа дел од пораките кои денеска средношколците и студентите ги испратија до Министерството за образвоание.
Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите и Студентски отпор на мирен протест пред ресорното Министерство, повторно побараа – скратување на материјалот во пресрет на државната матура, затоа што како што велат, во изминатите четири години тие немале учебна година без некаков прекин.
„Се усогласивме дека сме најоштетена генерција и не сме имале една цела година без прекин. Барање на скратување на материјалот е решение кое е ефективно за сите а ургираме истото побрзо да биде донесено. Алернатива на намалување на материјалот на матурата е скратување на интеренет предмет“,изјава, Анисија Угриновска, средношколец.
Незадоволство искажаа и студентите од земјава, кои велат дека се разочарани од условите во кои живеат во студентските домови. Според нив, Владата нема слух за проблемите низ кои минуваат.
„Целта на овој протест е немање слух на Владата на нашите проблеми. Бараме зголемување на субвенционираниот студентски оброк и почитување на роковите за исплата на студентски оброк и за стипендиите, кои доцнат месец дена. Излажени сме од подобрување на условите во студентските домови и нема ништо од реновирање, а условите и понатаму се катастрофални, изјава, Теодора Наумовска.
Како што порачаа средношколците, за денеска им е најавена средба со министерот Јетон Шаќири, пред кого тие ќе ги презентираат своите барања со надеж дека за истите ќе добијат позитивен одговор.