Координаторката на Групата, Драгана Спасевска објави дека утре во 12 часот пред сите општини ќе се одржат мирните протести, а во исто време планиран е и марш во Скопје. Тој ќе се спроведе од Владата до Министерството за образование и наука.
– Протестите против предложениот нацрт Закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, ќе се одржат во сабота во 12:00 часот, во сите градови во Македонија пред седиштата на општините. Ќе ве замолам да ги почитувате мерките и протоколите за активности во услови на пандемија.
Ќе ве замолам протестите да течат мирно, со позитивни пораки и без говор на омраза, да ги отфрлите сите партиски, политички, верски, национални поделби и убедувања.
Ќе ве замолам да излеземе сите заедно единствено и само во интерес на нашите деца и да се избориме заедно против ова наметнато зло, се вели во објавата на Спасевска..
Министерката Мила Царовска коментирајќи за утрешните најавени протести, изјави: „Настава има, учебници има, настава ќе има, учебници ќе има, што значи дека барањата се остварени“.
Царовска досега остана глува на сите повици коио се однесуваат на највените рефроми кои се жестоко криткувани и од експертската јавност, и од наставниот кадар, родителите и академиците.
Денес на фејсбук профилот на Групата се објави интересен коментар.
– Франција забранува употреба на секаков дигитален уред во училиштата (освен час по информатика) до 15 години. Да им ја пратиме Мила Царовска да ги научи Французите да не се толку заостанати?