Уште една тешка година е зад нас. 2023 година посакуваме да биде политички подобра, економски постабилна, година која ќе донесе стабилност и безбедност за граѓаните.

Да не зборуваме за кризи и падови, да зборуваме за успеси и прогрес! Да останеме свои, да го зачуваме својот идентитет, да ја негуваме традицијата, да ја воздигнеме културата!

На сите читатели им посакуваме многу здравје среќа, љубов, радости и убавни за семејствата, лични и професионални успеси. Со радост ги прифаќаме предизвиците кои се пред нас и се надеваме на Ваша поддршка и во следните 365 дена во годината.

Редакцијата на „Радио Лидер“ Ви ја честита Новата 2023 година.