Во последното коло на европската лотарија Eurojackpot, играч од Германија оствари добивка од 10 милиони евра.

На жрепката од 63. коло беа извлечени броевите 6, 12, 25, 31, 37 – 6, 9, што на Германецот му донесе победа од 5+2.

Следното извлекување е в петок.

Eurojackpot е транснационална европска лотарија започната во 2012 година. Од 15 септември 2017 година земјите кои учествуваат во лотаријата се: Германија, Данска, Естонија, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Норвешка, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија, Финска, Холандија, Хрватска, Чешка, Шпанија и Шведска.