Срѓан Ѓоковиќ секогаш говори без влакна на јазикот и во минатото се истакна со некои невкусни изјави на сметка на Рожер Федерер, а сега ја „чепна“ и темата за која е забрането да се зборува во тимот на српскиот тенисер.

Ѓоковиќ одбива да говори за пензионирање и планира да игра се додека се чувствува здраво и подготвено за освојување грен слем титули, но сепак неговиот татко Срѓан прогнозира дека крајот би можел да дојде наредната година.

Според највозрасниот од семејството Ѓоковиќ, неговиот син ги остварил најважните цели уште пред седум или осум години, па неговите проценки се дека идеално би било да се повлече по крајот на наредната 2024-та година.

– Време е некои млади да го заземат своето место, а тој полека да се повлекува. Не велам дека е крај уште сега, но за година и половина…… Тоа е мојата желба како татко, бидејќи јас мислам дека уште одамна требаше да се повлече. Тенисот е исклучтелно тешка работа, ова не е спорт, ова е тешка работа, на физички и психолишки план.

– Не му преостанува уште премногу од животот, бидејќи тој речиси целиот свој живот досега го посвети само на тенисот. Еве веќе 30 години е во тенисот и се уште се нема помрднато од таму. Сите мои желби ги исполни уште пред седум или осум години, се останато е само бонус. Сепак, тенисот не е целиот негов живот, тенисот треба да биде само еден сегмент. Тој ќе биде признат и познат дури во оној момент кој ќе го напушти тенисот, а се надевам дека тоа ќе биде следната година, – вели Срѓан во документарецот на „Спортал“ наречен „неискажани приказни“.