Српската кошаркарска легенда Александар Ѓорѓевиќ јавно повика да биде одложен четвртиот меч од серијата меѓу Партизан и Реал Мадрид од четвртфиналето во Евролигата што треба да се игра утре, пренесе Екипа.
Причината е добро позната – огромната трагедија што се случи денеска во Белград, откако едно 14-годишно момче влезе со оружје во своето основно училиште и уби девет лица, а уште неколку се наоѓаат во тешка состојба.
„Шок и неверица по масакрот во белградското училиште, сочувство до семејствата на настраданите… Моја Србијо, мој Белграде, мој Партизане… реагирајте на вистински човечки начин и одложите го натпреварот. Кому му е до песна, радост и навивање после ваква трагедија“, напиша Ѓорѓевиќ на својот твитер-профил.