Според проценките, вредноста на запленетата дрога е 3,2 милиони британски фунти.

– Дрогата е пронајдена во камион кој одел за Велика Британија. Во тунелот во местото Кокел во Франција граничната полиција откри кокаин залепен со самолепливи ленти, сместен во кутии на врвот на стоката која ја превезувал. По сослушувањето, тој е обвинет за обид за увоз на кокаин во Велика Британија, а по појавувањето на суд, српскиот државјанин е задржан во притвор, соопштија од НЦА.

Според командантот на агенцијата Мартин Грејс, одземањето на оваа голема пратка кокаин е силен удар врз криминалната група која стои за неговиот обид за шверц.

Од друга страна, на фотографиите од запленетиот кокаин, кој бил скриен во тоалетна хартија и боци, се гледа ознаката „ЦР7“, која ја користи славниот фудбалер Кристијано Роналдо.

– Кокаин со иста ознака е пронајден и кога во делтата на Дунав во Романија се преврте бродот кој ја превезувал. Истражителите тогаш открија дека зад пратката стоел шкаљарскиот клан, односно Игор Дедовиќ, кој во јануари минатата година е убиен во Атина, како и извесен Давор Т. Овие ознаки на пакетчињата кокаин, со чистота над 90 отсто, се од голема помош за истражителите зошто можат да ги доведат до лицата од кои е купена дрогата, бидејќи секој наркобос има своја ознака, која го гарантира квалитетот на стоката, но и става до знаење на конкуренцијата чија е, објаснуваат од агенцијата.

И во Романија тогаш се уапсени осомничени Срби, кои требало со помали камиони да ја префрлат дрогата, но дека организаторот и финансиерот никогаш не се приведени.

Дедовиќ во меѓувреме е убиен, но нема сомнеж дека тој бизнис го презел некој друг.