Повеќе српски портали објавија информација дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски наводно бил киднапиран во Белград, повикувајќи се на пишувањата на српски „Курир“.
Според објавените тврдења, инцидентот се случил во близина на Бетон хала, каде што, како што се наведува, непознати лица присилно го внеле пејачот во автомобил. Во написите се додава дека тој бил врзан и возен во неговото сопствено возило, при што од него наводно биле побарани 20.000 евра.
Извор за „Курир“ тврди дека осомничените се странски државјани и дека не е исклучена можноста да станува збор за мигранти. Според истите наводи, киднаперите се упатиле кон Рума, но при обид на сообраќајната полиција да го запре возилото, удриле во заштитна ограда, по што излегле од автомобилот и побегнале. По нив, како што се наведува, сè уште се трага.
Извор: Скопјеинфо
